Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јувентус го промени планот, Мбапе за наследник на Роналдо, преговори во Рим…

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јувентус го промени планот, Мбапе за наследник на Роналдо, преговори во Рим…

1

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.

– Откако Реал Мадрид го продаде Роналдо на Јувентус за 100 милиони евра, сега медиумите во Италија пишуваат дека „кралевите“ веќе започнале преговори со Лацио за трансфер на Сергеј Милинковиќ Савиќ за истата сума. (ОВДЕ)

– Презентацијата на Роналдо пред навивачите на Јувентус е закажана за во понедлник во 19:00 часот.

– Во анкетата на „Макра“ навивачите на Реал Мадрид гласаа за наследник на Роналдо, а убедливо најмногу гласови освои суперталентираниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, останува да се види дали Реал ќе реагира и ќе тргне по неговиот потпис. (ОВДЕ)

– Стоперот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф иако пристигна минатото лето веќе се споменува дека би можел да го напушти клубот, како потенцијална дестинација се споменува неговиот поранешен клуб Бенфика. (ОВДЕ)

– Премиерлигашот Евертон се обидува да постигне договор со Барселона за трансфер на Колумбиецот Јери Мина, за сума од 21 милион фунти.

– Официјално: Аталанта го комплетираше трансферот на напаѓачот Дуван Запата.

– Официјално: Играчот за врска Жан Мишел Сери кој беше мета на Арсенал и Челзи, на крајот потпиша за тимот на Фулам.

– Како што пишува „Газета дело Спорт“ Ливерпул е спремен да испрати понуда од 60 милиони евра, плус пет како бонуси за голманот на Рома, Алисон Бекер.

– Според дел од шпанските медиуми, тимот на Севиља се обидува да го врати во своите редови Алеш Видал од Барселона

– Во трката за веќе отпишаниот фудбалер на Барселона, Андре Гомеш сега би можел да се вклучи и тимот на Тотенхем.

– Изгледа дека сагата со иднината на Набил Фекир сепак не е завршена, фудбалерот јасно ставил до знаење на управата на Лион дека сака трансфер во Ливерпул, пишува „Дејли Мирор“.

– Суперталентираниот Винисус Жуниор денес наполни 18 години, а тоа значи дека може да потпише договор со Реал Мадрид кој минатото лето плати на Фламенго сума од 45 милиони евра.

– Јувентус и Челзи наводно веќе го договориле трансферот на Гонзало Игуаин, но проблем се личните услови на фудбалерот. Игуаин сака поголема плата од онаа што сега ја добива во Јувентус (7.5 милиони евра). (OВДЕ)

– „Старата дама“ попладнево со почеток 14:30 пред навивачите го претстави Португалецот, Жоао Кансело (ОВДЕ)

Томас Тухел изгледа нема да прави никаков проблем и спремен е да го пушти играчот за врска Адриен Рабио во редовите на Барселона. Да потсетиме, „АС“ во текот на вчерашниот ден објави дека фудбалерот ги договорил личните услови со Каталонците. Овој трансфер би требало да изнесува околу 40 милиони евра (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Клемент Леглет е нов фудбалер на Барселона (ОВДЕ)

– После Роналдо, Реал Мадрид би можел да го напушти и Герет Бејл, кој според медиумите од Манчестер е во преговори со клубот од „Олд Трафорд“ (ОВДЕ)

– „Скај Спорт“ излезе со демант на информацијата дека Ливерпул испратил понуда за голманот на Рома, Алисон Бекер. Според информациите на реномираниот англиски медиум Клоп воопшто нема намера да бара нов голман. (ОВДЕ)

– Јувентус го промени планот. Изгледа дека нема да има гламурозна претстава како што се најавуваше. Кристиано Роналдо во понеделник ќе пристигне во Торино на медицински прегледи, по што ќе се појави само на редовната прес-конференција како и секој друг играч. (ОВДЕ)

– Барселона не се откажува од услугите на Вилијан и ќе се врати по неговиот потпис со втора понуда во износ од 53 милиони фунти, пренесува „Скај Спорт“.

– Фудбалерот на Јувентус, Марко Пјаца би можел да премине во редовите на Фиорентина.

– Дали Марсело најави трансфер во Јувентус? (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Ливерпул продаде голман за 12,5 милини фунти

Само неколку часа откако го официјализираа трансферот на Алисон од Рома, „црвените“ потврд…