Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдо пристигнува во понеделник, Реал го „мерка“ Азар, Челзи доби тренер и плејмејкер од Наполи

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдо пристигнува во понеделник, Реал го „мерка“ Азар, Челзи доби тренер и плејмејкер од Наполи

0

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

Трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус се уште е главна тема во целиот свет. Португалската суперѕвезда ќе има грандиозна презентација во понеделник (ОВДЕ).

Арсенал денес го претстави 5-то засилување. Станува збор за 19-годишниот Матео Гендузи кој доаѓа од Лориент за 8 милиони фунти (ОВДЕ).

-Официјално: Вест Хем го потврди трансферот на Јармоленко од Борусија Дортмунд.

Челзи конечно постигна договор со Наполи. Тренерот Маурицио Сари пристигнува во „пакет“ со плејмејкерот Жоржињо за сума од 65 милиони евра.

Икарди ги отстрани сители дилеми околу својата иднина. Напаѓачот останува во Интер и наскоро ќе потпише нов договор.

Јувентус не запира со трансферите. Следна цел на „старата дама“ е Диего Годин од Атлетико Мадрид, како и левиот бек од Баерн Минхен, Хуан Бернарт. (ОВДЕ)

Ливерпил започна преговори со Стоук за трансфер на швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е заинтересиран за фудбалерот на ПСЖ, Грегори Криковјак и наскоро ќе започне преговори за трансфер (ОВДЕ).

Вест Хем го собори клупскиот рекорд: Постигна договор со Лацио за трансфер на Филипе Андерсон тежок 45 милиони евра.

Интер започна преговори со Атлетико Мадрид за десниот бек Шиме Врсаљко. Хрватскиот репрезентативец веќе му кажа ДА на „нероаѕурите“.

Дефанзивецот на Сасуоло, Франческо Ачерби денес ги помина лекарските прегледи во Лацио. Римскиот клуб за него ќе плати 10 милиони евра.

Челзи и Јувентус постигнаа договор за трансфер на Даниеле Ругани во Лондон. „Сините“ за италијанскиот дефанзивец се согласија да платат 35 милиони фунти.

Напаѓачот на Сампдорија Дуван Запата се сели во Аталанта за 22 милиони евра, на негово место ќе пристигне напаѓачот на Рона, Дефрел.

Реал Мадрид веќе ја започна потрагата по замена за Кристиано Роналдо, прво име кое го лансираа шпанските медиуми е Еден Азар кој сака да го напушти Челзи, но Перез не се откажува во Мадрид да го донесе Нејмар.

– Официјално: Ашрав Хакими го напушти Реал Мадрид и се пресели на двегодишна позајмица во Борусија Дортмунд (ОВДЕ)

– Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело го „заследи“ тимот на Јувентус на социјалната мрежа Инстаграм и со тоа крена огромна прашина во медииумите (ОВДЕ)

– Спореди информациите на француските медиуми, ПСЖ започнал преговори со Баерн Минхен за трансфер на стоперот, Жером Боатенг. (ОВДЕ)

– Експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио, пренесува дека Антонио Касано би можел да се врати во редовите на Парма

– Официјално: Ромуло нов фудбалер на Џенова

– „Мундо Депортиво“ пренесува дека Бенфика покажала интерес за фудбалерот на Барселона, Рафиња.

– Според информациите на неколку шпански и француски медиуми, Барселона ја активирала откупната клазула за стоперот на Севиља, Клемент Леглет. (ОВДЕ)

– Пристигнува и уште една информација поврзана со Барселона, имено според некои медиуми Каталонците успеале да постигнат договор со фудбалерот на Пари Сен Жермен, Рабио. (ОВДЕ)

– „Дејли Експрес“ пренесува дека Челзи после интересот од Пари Сен Жермен е спремен да му понуди нов договор на играчот за врска Н’Голо Канте со плата од 200.000 фунти неделно.

– Трансферот на Фелипе Андерсон од редовите на Лацио во Вест Хем е завршена работ, фудбалерот веќе пристигна на медицински прегледи во Лондон.

– Барселона го претстави Бразилецот Артур кој пристигна од Гремио за сума од 31 милион евра.

– Официјално: Луис Нани потпиша договор на две години  со тимот на Спортинг Лисабон (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Ливерпул продаде голман за 12,5 милини фунти

Само неколку часа откако го официјализираа трансферот на Алисон од Рома, „црвените“ потврд…