Кристиано Роналдо во вторникот после многу шпекулации и официјално стана нов фудбалер на Јувентус.
Што туку е комплетиран сензационалниот трансфер на Роналдо во вкупен износ од 105 милиони евра, веднаш започнува нова трансфер сага и тоа повторно во прашање е фудбалер на Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според пишувањето на италијанскиот „Медијасет“, Португалецот побарал од претседателот Ањели да му направи услуга и во Торино да го доведе Марсело.
Марсело и Роналдо одлично соработуваа во Мадрид, па не би било изненадување доколку има вистина во таквата индормација, а дека не што можеби се „крчка“ најави и самиот Марсело.
Прво, во текот на вчерашниот ден го „заследи“ официјалниот Инстаграм профил на Јувентус, а денес објави фотографија на која се наоѓа заедно со Роналдо и под која стои: „Наскоро повторно заедно“….
Фотографијата набрзо беше избришана од профилот на Бразилецот.
‘Soon’ ? pic.twitter.com/GfE8JhlqdR
— B/R Football (@brfootball) July 12, 2018