После Кристиано Роналдо екипата на Реал Мадрид би можел да ја напушти Герет Бејл.
Очигледно дека „кралевите“ одлучија после трите титули во низа шампион на Европа да создадат нов тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прв замина тренерот Зидан, па Роналдо, а по нивните стапки би можел да тргне и Герет Бејл кој според англиските медиуми е во преговори со Манчестер Јунајтед.
„Manchester Evening News“, тврди дека преговорите се веќе во тек и според нив лесно би можело да се случи „Велашанецот“ да го напушти Мадрид и да се пресели на „Олд Трафорд“.
Бејл во Реал пристигнап ред пет години од редовите на Тотенхем. Повредите му создаваа големи промени и иако беше одличен, се добива впечаток дека не ги исполни очекувањата во целост.
Според најавите на споменатиот медиум, подетални информации за трансферот на Бејл се очекуваат во наредните денови.
Manchester United transfer talks with Gareth Bale have advanced, writes @JamesRobsonMEN #mufc https://t.co/Z5O9TrGZfF
— Man United News (@ManUtdMEN) July 12, 2018