Дома Трансфер зона „Скај Спорт“ демантира: Нема понуда од Ливерпул – ниту за Алисон, ниту за било кој друг!

„Скај Спорт“ демантира: Нема понуда од Ливерпул – ниту за Алисон, ниту за било кој друг!

Демантирани информациите и тоа од реномираниот „Скај Спорт“.

Утрово се појави вест дека Ливерпул наводно испратил понуда за голманот на Рома Алисон Бекер во износ од 60 милоони евра и пет како бонуси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, како што пренесува „Скај Спорт“, Ливерпул, не само што не испратил понуда за Алисон туку управата на клубот нема намера да го ангажира Бразилецот ова лето.

Како што пишува „Скај“, Клоп решението за голманската позиција го пронашол во своите редови.

Во овој момент изгледа дека деновите на Кариус на „Енфлид“ се одбројани, после катастрофалниот кикс во Лигата на шампионите, а во таков стил продолжи и во текот на припремите, па јасно дека навивачите сакаат нов чувар мрежата.

Решение на голманската позиција за наредната сезона во Ливерпул би можел да биде Германецот, Дени Ворд.

Клоп наводно е спремен да му даде шанса да биде прв избор на „Енфлид“. Тој наводно е импресиониран од ставот кој 25 годишниот Велшанец го покажал и судејќи според ситуацијата ќе добие прилика на стартот од сезоната.

Ворд бранеше на двете припремни натпревари против Честер и Тренмери (на двата натпревари по 45 минути) и покажа стабилност, а следниот тест ќе го има против Блекбурн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…