Дома Трансфер зона Игуаин му кажа ДА на Челзи, Јувентус го продава по „дисконтна“ цена

Игуаин му кажа ДА на Челзи, Јувентус го продава по „дисконтна“ цена

После доаѓањето на Кристиано Роналдо јасно е дека за Гонзало Игуаин повеќе нема место во Јувентус, а италијанските медиуми пренесуваат дека е блиску до трансфер во Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Игуаин сакаше да остане во Торино, но од клубот му соопштиле дека е ставен на трансфер листа, а тренерот Алегри го известил дека не е повеќе во неговите планови.

Игуаин започнал преговори со Челзи кој може да го донесе по „поволна“ цена со оглед на фактот дека „бјанконерите“ мораат да го продадат за да ја наполнат касата.

Аргентинецот веќе постигнал договор со „сините“ каде ќе заработува 7 милиони евра по сезона, а Јувентус како отштета ќе добие помеѓу 50 и 55 милиони евра.

Меѓутоа, Игуаин бара од „старата дама“ неколку милиони евра бонус за да се согласи да замине или во спротивно се заканува дека ќе остане до крајот на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…