Дома Топ вести Навивачите на Реал Мадрид го избраа наследникот на Роналдо!

Навивачите на Реал Мадрид го избраа наследникот на Роналдо!

Кристиано Роналдо после девет години го напушти Реал Мадрид, па сега навивачите на „кралскиот“ клуб чекаат адекватна земана за најголемата ѕвезда.

Во анкетата која ја спроведе „Марка“, се најдоа имиња кои можат да бидат потенцијална замена, а понудени беа Килиан Мбапе, Еден Азар, Хари Кејн и Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Убедливо победи Мбапе. Тој доби дури 54% од гласовите, додека останатите беа далеку под овој процент. Еден Азар доби 15%, Нејмар 14% и Кејн 10% од гласовите.

Со ова навивачите јасно ставија до знаење дека во Килијан Мбапе гледаат иделана замена за Роналдо на „Сантиаго Бернабеу“.

19-годишниот Французин блеска на Мундијалот, но Реал ќе има исклучително тешка задача да го донесе во Мадрид бидејќи ПСЖ не сака да слушне за негова продажба.

Сега на потег е раководството на Реал, па останува да видиме кои ѕвезди ќе пристигнат на „Сантиаго Бернабеу“ до затварањето на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…