Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше натпреварот Милан – Црвена звезда (2:1) во шестото коло од Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Него и судиите од ВАР просторијата го критикуваат дека не интервенирале пред победничкиот гол на Милан на три минути пред крајот.
Видеата сведочат дека му претходеле два прекршоци врз играчи на Звезда. Но, првиот пат Манзано, а вториот пат главниот судија и неговиот ВАР не сметаа дека Милан користел недозволени средства.
Судискиот аналитичар Дејан Недиќ жестоко реагираше на српската државна телевизија РТС: „Не она што го направи судијата, туку она што не го направи? Грубост, срам, срам… Го носев амблемот на ФИФА и се срамам што го носат вакви луѓе. Овој човек постојано прави инциденти.“
Da li je #fkcz oštećena protiv Milana? pic.twitter.com/GSQ8bdJFiB
— Jaime (@abubekir_oumaru) December 11, 2024