Дома Останати Кошарка Страв за безбедноста на кошаркарите на Партизан во Белград: Американец се обиде да се тепа со „Гробари“, познат играч исплашен по хаосот (Видео)

Страв за безбедноста на кошаркарите на Партизан во Белград: Американец се обиде да се тепа со „Гробари“, познат играч исплашен по хаосот (Видео)

Партизан доживеа тежок пораз од Макаби и така продолжи со лошите резултати во Евролигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Црно-белите по трет пат по ред загубија во ова натпреварување, а во оваа црна серија во просек губеа со 28 поени разлика. Навивачите на Партизан со свирежи ги дочекаа Џабари Паркер и Тајрик Џонс за време на претставувањето на екипите, а на крајот дојде и до голем инцидент.

Сцените од Белградската арена брзо се проширија низ Европа преку социјалните мрежи, а се огласи и Тајрис Рајс, некогашен репрезентативец на Црна Гора.

Рајс се огласи на социјалната мрежа “X”.

Тој мора да замине оттаму, човече. Заборавете на натпреварите, како ќе се движи по градот со толкава тензија? Доволно е да биде во ресторан и навивач да отиде предалеку – порача Рајс.

Тајрис Рајс за време на кариерата играше за Панионис, Летувос Ритас, Баерн Минхен, Макаби, Химки, Барселона и Панатинаикос, меѓу другите клубови.

Со Макаби во 2014 година беше шампион на Евролигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембанјама исфрлен од натпревар: Збесна, па жестоко удри со лакт во лицето на противникот (Видео)

Кошаркарите на Минесота ги совладаа Сан Антонио Спарс со 114:109 пред своите навивачи и из…