Дома Фудбал Сколс одамна најави кој ќе ја освои Лигата на шампионите (Видео)

Сколс одамна најави кој ќе ја освои Лигата на шампионите (Видео)

Пол Сколс, легендата на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, се докажа како добар во предвидување на исходот од Лигата на шампионите. Видео снимка направена пред четвртфиналните натпревари стана вирално по расплетот на сезоната во која ги добивме финалистите на натпреварувањето. Да потсетиме, за трофејот ќе се борат ПСЖ и Интер, а Сколс тоа го тврдел многу порано.

Во својата прогноза од четвртфиналето до натпреварот за титулата засега направил само една грешка. Прогнозирал дека Реал Мадрид ќе избори полуфинале против Арсенал, а сè останато го погодил. Најави дека во полуфиналето ќе биде и Париз Сен-Жермен и дека Барселона ќе ја победи Борусија Дортмунд во четвртфиналето, односно дека Интер ќе биде подобар од Баерн.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Бидејќи го ставил Реал во полуфиналето наместо Арсенал, прогнозирал победник на мечот Реал – ПСЖ. Предност му дал на парискиот клуб и го испратил во финале. Во два дуели на Барселона и Интер најавил дека ќе помине италијанскиот тим. Тој избори финале по 3:3 во Барселона и 4:3 во Милано.

Пред клубовите сега е финалето на 31 мај во Минхен. Сколс смета дека трофејот наменет за победникот ќе го подигне Интер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енрике отпиша една од ѕвездата: Асенсио на праг на потпишување со европски гигант

Летниот трансфер период е во тек. Некои трансфери веќе се завршени, други се во фаза на пр…