Дома Фудбал Арсенал не потклекна во Мадрид и си замина со добар резултат

Арсенал не потклекна во Мадрид и си замина со добар резултат

Атлетико Мадрид и Арсенал завршија 1:1 во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите. По овој резултат, тимот на Микел Артета е во малку подобра позиција, бидејќи реваншот е во Лондон.

Лондончани поведоа малку пред паузата, кога Виктор Ѓокереш постигна гол од пенал, досуден за прекршок против него. “Јорганџиите” доминираа во второто полувреме.

Хулиан Алварез израмни од пенал во 56-та минута. Антоан Гризман го погоди стативот, а Адемола Лукман имаше две промашувања. “Топџиите” добија втор пенал, но тој беше откажан по разгледување на ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен потег на Клоп, објави два состави на Германија

Јирген Клоп направи невообичаен потег уште на неговиот прв собир откако стана селектор на …