
Еурофарм Пелистер не отстапува од курсот на градење домашен кадар, па така клубот официјално соопшти дека од наредната сезона во првиот тим ќе биде приклучен младиот Ненад Белистојаноски.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Станува збор за 21-годишно десно крило, родум од Прилеп, кое својата ракометна афирмација ја изгради токму во Битола, минувајќи низ сите возрасни категории на клубската школа. Досега беше дел од вториот тим, но сега добива шанса и на највисоко ниво, како дел од сениорскиот состав.
Белистојаноски, кој е и младински репрезентативец, стави потпис на договор со важност до јуни 2028 година, а на тимот ќе му се приклучи со почетокот на летните подготовки во јули.
Од битолскиот клуб нагласуваат дека стратегијата за вклучување на млади играчи останува приоритет, при што Белистојаноски е препознаен како еден од најталентираните во својата генерација, со реални изгледи во иднина да се наметне и како кандидат за сениорскиот национален тим.