Дома Фудбал Поранешен НБА-кошаркар планира да ја признае вината во големата афера за обложување?

Поранешен НБА-кошаркар планира да ја признае вината во големата афера за обложување?

Бившиот НБА кошаркар Дејмон Џонс треба да ја признае вината по обвиненијата дека учествувал во наместени покер игри и проследувал доверливи информации за повредите на познати играчи на спортските обложувачи, вклучувајќи и некогашниот соиграч на Леброн Џејмс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат американските медиуми, Џонс ќе стане првата личност која ја признала вината во големата истрага за незаконско обложување, во која се уапсени повеќе од 30 лица, меѓу кои и наводни членови на криминални групи и поединци од светот на кошарката.

Обвинителството наведува дека Џонс продавал или се обидувал да ги продаде доверливите информации за здравствената состојба на играчите, вклучувајќи го и Ентони Дејвис, со што им овозможувал на обложувачите да остварат незаконска добивка.

Во одделен дел на случајот, обвинет е и за учество во наместени покер партии, каде што се користеле софистицирани методи на измама, како модифицирани машини за мешање карти, скриени камери и специјална опрема за следење на картите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Един Џеко одговори дали ќе продолжи да игра за репрезентацијата по СП

Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство по поразот од САД со резултат од …