Дома Фудбал Скапо ќе ја плати глупоста: Голманот кој нокаутираше фудбалер во Шпанија доби максимална казна!

Скапо ќе ја плати глупоста: Голманот кој нокаутираше фудбалер во Шпанија доби максимална казна!

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Шпанија (RFEF) објави дека голманот на Реал Сарагоса, Естебан Андрада, е суспендиран на дури 13 натпревари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Оваа сериозна казна му беше наложена поради нападот врз капитенот на Хуеска, Хорхе Пулидо, за време на арогонското дерби од Втората лига на Шпанија изминатиот викенд.

Аргентинскиот чувар на голот, кој веќе имаше добиено жолт картон, се приближи кон главниот судија Дамасо Арчедијано Монесcило и протестираше на одлуката. Андрада бараше од судијата да провери дали доделениот црвен картон за неговиот соиграч во последните минути од натпреварот бил оправдан со помош на ВАР технологијата.

Капитенот на Хуеска, Хорхе Пулидо, му забележа за протестот, на што Андрада одговори со туркање. За овој потег, судијата му покажа втор жолт картон, односно црвен.

По исклучувањето, аргентинскиот голман ги изгуби нервите и го удри играчот на Блауграна со тупаница во лицето. Според официјалниот записник, ударот му предизвика “хематом на левата јагодична коска” на Пулидо.

На редовниот неделен состанок оваа среда, Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја донесе конечната одлука за санкциите.

Според Дисциплинскиот правилник на RFEF, Андрада доби максимални 13 натпревари суспензија поради физичката агресија врз противничкиот играч, а му беше додадена и уште една натпревар суспензија како последица од добивањето на вториот жолт картон на истиот натпревар.

Покрај официјалната казна од сојузот, клубот веднаш презема мерки, суспендирајќи го Андрада од сите работни обврски и комплетно му ја укина платата, што значи дека неговата кариера во Сарагоса е практично завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија ќе загуби 1,5 милијарди евра зашто остана без пласман на Мундијалот

Третото последователно неучествување на Италија на Светското првенство не е само удар врз …