
Легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф (50) го означи напаѓачот на ПСЖ, Хвича Кварацхелија, како најдобриот играч на светот, после неговата синоќешна сензационална игра во Лига на шампиони.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Четирикратниот освојувач на Лига на шампиони не успеа да го скрие своето восхитување откако стана сведок на извонредниот настап на Кварацхелија, при што во изјава за „Амазон Прајм“ ја истакна неговиот технички брилијантност.
“Кварацхелија е најдоброто на светската сцена и ќе биде уште подобар. Не знам дали ќе остане на левата страна бидејќи тој точно знае што да прави во секоја ситуација. Во одредени моменти го води тимот и затоа ми се допаѓа неговата интелигенција. Тој е дополнително засилување во средината на теренот, а истовремено прави разлика во нападот. Неверојатен е”, изјави поранешниот играч на Реал Мадрид и Ајакс.
🔴 Clarence Seedorf 🇳🇱 : « 𝗞𝗩𝗔𝗥𝗔𝗧𝗦𝗞𝗛𝗘𝗟𝗜𝗔 𝗘𝗦𝗧 𝗟𝗘 𝗠𝗘𝗜𝗟𝗟𝗘𝗨𝗥 𝗝𝗢𝗨𝗘𝗨𝗥 𝗗𝗨 𝗠𝗢𝗡𝗗𝗘 𝗘𝗧 𝗜𝗟 𝗡𝗘 𝗩𝗔 𝗖𝗘𝗦𝗦𝗘𝗥 𝗗𝗘 𝗦’𝗔𝗠𝗘́𝗟𝗜𝗢𝗥𝗘𝗥. 🤩🇬🇪
— Vibes Foot (@VibesFoot) April 29, 2026
𝗜𝗹 𝗽𝗼𝗿𝘁𝗲 𝗹’𝗲́𝗾𝘂𝗶𝗽𝗲 𝗮̀ 𝗰𝗲𝗿𝘁𝗮𝗶𝗻𝘀 𝗺𝗼𝗺𝗲𝗻𝘁𝘀, 𝗰’𝗲𝘀𝘁 𝗽𝗼𝘂𝗿𝗾𝘂𝗼𝗶… pic.twitter.com/AfIQhaSoQG
Да потсетиме, репрезентативецот на Грузија беше незапирлив во синоќешниот трилер со девет голови на Паркот на принцовите, каде што француските шампиони тесно го поразија Баерн со 5-4.