Дома Фудбал Скандал: Фудбалер осуден поради снимање интимен однос

Скандал: Фудбалер осуден поради снимање интимен однос

Напаѓачот на Аланја Уи-Џо Хванг е осуден на условна затворска казна поради нелегално снимање на полови односи без согласност на оштетените, објави денеска агенцијата Јонхап.

На репрезентативецот на Јужна Кореја му се судеше во Сеул. Хванг (32) се соочуваше со затворска казна од четири години, но остана на условна поради каење и извинување на обвинетиот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Скандалот изби во јуни 2023, кога неговата свекрва ги објави неговите експлицитни приватни видеа на социјалните мрежи, една година по снимањето. Таа доби казна од три години затвор поради уцена.

Фактот што тој не знаел дека бил сниман за време на сексуалниот чин беше земен како олеснителна околност.

Пред да дојде во Аланја, во Европа беше дел од Бордо, Нотингем Форест, Олимпијакос и Норич.

За репрезентацијата на Јужна Кореја има одиграно 62 натпревари и постигнато 19 голови, пред да биде суспендиран во ноември по откривањето на скандалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Човек да не поверува: Денес најдобриот стрелец на Арсенал некогаш играше стопер во Борусија!

Еволуцијата на фудбалот понекогаш носи неочекувани и генијални потези од страна на тренери…