Дома Останати Тенис Сите рекорди кои во кариерата ги сруши Надал

Сите рекорди кои во кариерата ги сруши Надал

Славниот шпански тенисер, Рафаел Надал го одигра и последниот меч во кариерата. Кариерата Надал ја заврши на Дејвис купот во Малага каде што неговата Шпанија претрпе пораз од 2:1 во четвртфиналето од Холандија.

Надал ќе остане запаметен како еден од најдобрите тенисери во историјата, посебно кога е земјената подлога во прашање каде што долги години доминираше.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Успеа да освои 22 грен-слем трофеи, а 14 од нив беа на Ролан Гарос и тоа е рекорд кој нема да биде срушен во блиска иднина. Од останатите трофеи, Надал освои две олимписки злата (сингл и двојки), четири титули на Дејвис купот и вкупно 92 титули на АТП турнирите.

На првото место помина над 200 недели, а стигна и до 36 Мастерс трофеи. На земјена подлога шпанскиот ас оствари скор од 479 победи и 48 порази со што е на процент од 90.9%. Посебно во мечевите од три сета е на 137:4.

Од 2005 до 2007 година победи на 81 меч по ред на земјена подлога, додека од 2017 до 2018 освои 50 сета во низа. На Ролан Гарос со рекордните 14 итутли има скор од 112:4. Во финалето на француската престолнина никогаш не загубил (14:0), а во 13 од тие 14 мечеви играл против тенисери кои во тој момент биле во топ 10.

Во Париз подобри од Надал биле само: Робин Содерлинг во 2009, Новак Ѓоковиќ во 2015 и 2021 и Александар Зверев оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…