Дома Фудбал Oфицијално: Ел Шарави се врати во Џенова!

Oфицијално: Ел Шарави се врати во Џенова!

Како што се најави, Стефан Ел Шарави го заврши својот камбек во Џенова, клубот каде што ја помина младинската академија како тинејџер и каде дебитираше како сениор во сезоната 2008/2009.

Според официјалното соопштение од клубот, Џенова го потврди договорот со овој напаѓач, кој доаѓа како слободен играч откако неговиот договор со Рома истече на крајот од јуни.

Напаѓачот роден во Савона целото лето остана без клуб, а неговото име се појави и во врска со трансфер во Ал-Шабаб од Саудиска Арабија, пред тој да реши да се врати во Лигурија.

Сега ќе игра под водство на Даниеле Де Роси, својот поранешен соиграч од Рома, во клубот каде што на ниво на Примавера ја освои Скудето, Купот на Италија и Суперкупот на Италија, пред да замине во 2010 година во Падова.

Директорот за фудбал Диего Лопез јасно истакна дека двете страни го посакуваа овој трансфер.

“Многу го посакувавме Стефан, а и тој многу нè посакуваше нас. Знаеме што значи тој за овој клуб и што овој клуб значи за него. Среќни сме што можеме повторно да му посакаме добредојде во Џенова, со него растеме во класа, искуство и идентитет,” изјави Лопез.

Ел Шарави, кој досега заиграл 32 пати за репрезентацијата на Италија и постигнал седум гола, и ја надминал бројката од 500 професионални настапи во својата кариера, беше исто така многу емотивен по потпишувањето на договорот.

“Со овој клуб ги доживеав првите радости како професионалец, ја доживеав првите емоции, а враќањето и повторното облекување на овој дрес е како затворање на кругот. Повратот дома нè исполнува со гордост мене и моето семејство: Џенова е дел од нашиот ДНК,” изјави Ел Шарави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Квардадо ги одби израелските милиони, има јасен план!

Искусниот колумбиски фудбалер Хуан Квадрадо ова лето е слободен играч, откако Пиза не му п…