Дома Фудбал УЕФА подготвува кривична постапка против Инфантино, ФИФА би можела да ги плати неговите трошоци

УЕФА подготвува кривична постапка против Инфантино, ФИФА би можела да ги плати неговите трошоци

Конфликтот меѓу УЕФА и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, би можел да добие и правна разрешница. Според The Athletic, Европската фудбалска унија подготвува кривична пријава и отпочнување на постапка против челниот човек на ФИФА пред судот во Швајцарија.

Односите меѓу УЕФА и Инфантино веќе се сериозно нарушени, а европската највисока фудбалска организација презема конкретни чекори во овој случај.

УЕФА побара од три судови во Соединетите Американски Држави толкувања и документација која се однесува на начинот на проценка на вредноста на Светското првенство, чии акции Инфантино намераваше да ги продаде на приватни инвеститори.

Според пишувањата на The Athletic, во ФИФА сметаат дека чекорите на УЕФА се директно насочени против Инфантино. Сепак, се очекува светската фудбалска организација да ги покрие неговите финансиски трошоци во евентуалната постапка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ширер посочи ново име за клупата на Јунајтед: Тренерот што го крена Брајтон

Алан Ширер смета дека Фабијан Хирцелер треба сериозно да биде разгледан ако Манчестер Јуна…