
Фудбалерот на Јувентус, Кефрен Турам, успешно помина низ хируршка интервенција на десното колено, и ќе биде надвор од терените неколку месеци, што значи дека ќе се врати дури на почетокот на 2027 година.
Според соопштението на клубот од Торино, 25-годишниот француски играч за врска ја изврши операцијата во клиника во Лион, а сега го очекува период на рехабилитација.
Според првичните процени, Турам би можел повторно да се појави на терените на почетокот од наредната година, што значи дека ќе го пропушти првиот дел на сезоната.
Неговото отсуство е голем предизвик за тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, особено затоа што Турам е еден од клучните играчи во средниот ред на „старата дама“.
Ситуацијата дополнително се усложнува со тоа што Јувентус веќе се соочува со проблеми со повредени играчи. Вон строј се и Кенан Џилдиш и Хуан Кабал, па така Спалети во наредните месеци ќе мора да пронајде алтернативни решенија на неколку позиции.
Турам премина во Јувентус од Ница во 2024 година и брзо стана важен дел од тимот. Сега, францускиот репрезентативец се фокусира на рехабилитацијата, а во Торино се надеваат дека ќе биде на располагање на тренерскиот тим на почетокот од 2027 година.