Дома Фудбал Се враќа Лигата на шампионите: Барселона и ПСЖ сакаат потврда за полуфинале

Се враќа Лигата на шампионите: Барселона и ПСЖ сакаат потврда за полуфинале

По вечерашните натпревари ќе ги дознаеме првите два полуфиналисти на Лигата на шампионите на УЕФА.

Астон Вила ќе ја пречека екипата на Пари Сен – Жермен во Бирмингем, а тимот на Унаи Емери ќе се обиде да ја надополни предноста од два гола од првиот натпревар.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Се свесни дека нема да биде лесно, но со предводници како Асенсијо, и Мален кој игра во се подобра форма, сакаат да му се заканат на фаворизираниот ривал.

Победникот од овој дуел ќе ги одмери силите со победникот од дуелот помеѓу Арсенал и Реал Мадрид.

Вториот вечерашен натпревар се игра на Сигнал Идуна Парк, каде домашната Борусија Дортмунд ќе ја пречека екипата на Барселона.

Каталонскиот гигант славеше убедливо во првиот натпревар со 4:0, но тренерот на „Милионерите“ Нико Ковач истакна дека нема да биде лесно, но дека кај неговите момци сè уште тлее надеж.

Двата вечерашни натпревари започнуваат во 21 часот.

Фото: PSG/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен купи уште еден стадион

Баерн Минхен купи нов стадион за околу 7.5 милиони евра. Овој потег на баварскиот гигант б…