Дома Фудбал Саудијците донесоа одлука: На Светското првенство воведена мерка за забрана

Саудијците донесоа одлука: На Светското првенство воведена мерка за забрана

На Светското првенство 2034 година нема да биде дозволен алкохол, изјави саудискиот амбасадор во Велика Британија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Принцот Aл Сауд кажа за странските медиуми дека во Саудиска Арабија „нема воопшто алкохол“ и дека нема да се прави исклучок кога ќе бидат домаќини на Светското првенство.

Алкохолот нема да биде дозволен во хотели, ресторани или на стадиони, потврди тој.

И покрај тоа што алкохолот беше дозволен во некои области и ресторани за време на Светското првенство во Катар во 2022 година, тоа веројатно нема да биде случај во Саудиска Арабија.

„Во моментов не дозволуваме алкохол“, рече Ал сауд и додаде:

„Забава може да се има и без алкохол, не е 100 проценти неопходен. Ако сакате да пиете откако ќе отидете од оваа земја, слободно, но во моментов немаме алкохол.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…