Дома Фудбал Роналдо наполни 40 години, а главна тема е – неговата торта (Фото)

Роналдо наполни 40 години, а главна тема е – неговата торта (Фото)

Кристијано Роналдо го прослави својот 40. роденден во Саудиска Арабија, со забава на која танцуваше покрај тортата и дувна свеќи играјќи во ритамот на гласната музика. Славниот Португалец уживаше во друштво на најблиските и беше очигледно колку му годи да се забавува, како што му годи и да игра, бидејќи за Ал-Наср даде 23 гола оваа сезона на 25 натпревари.

Нема намера да се откаже Португалецот и тоа е повеќе од очигледно,. Познато е дека внимава како и колку тренира, што и колку јаде, па многумина се прашуваа додека го гледаа ова видео дали Роналдо ќе ја проба тортата околу која танцуваше.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Веројатно Саудијците овојпат го натераа да проба барем едно парче, бидејќи за него ја подготвија внимателно. На нејзиниот врв е силуетата на Роналдо во карактеристичната поза, во обид на удар со „ножички“ во дресот на Ал-Наср, а под неа се деталите од кариерата на Роналдо започнувајќи од детството и неговите слики во дресот на Национал. Околу тортата се наредени пет јадливи златни топки”.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешни фудбалери од Премиер лигата: Влегоа во рингот во бокс меч, погледнете го бруталниот нокаут!

Поранешните фудбалери од Премиер лигата, Педи Кени (47) и Кертис Дејвис (40), го имаа свое…