Динамо загуби со 3:0 од Борусија Дортмунд во петтото коло од Лигата на шампионите на Максимир.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
“Се боревме до самиот крај. Како што кажав пред натпреварот, игравме против сериозна екипа која играше во финалето минатата сезона.
Со оглед на бројот на повреди што ги имаме, би сакал да им честитам на моите момци, навистина сум горд “, изјави Стефан Ристовски, дефанзивецот на Динамо, а потоа додаде:
„Без разлика на поразот, покажавме добро лице. Голот на крајот од првото полувреме малку не исфрли од рамнотежа, но на крајот на денот мора да го заборавиме ова што е можно побрзо и да се подготвиме за дербито со Хајдук во недела“.