Дома Останати Тенис Револуционерна промена во тенисот: Играчите ќе можат да притиснат големо црвено копче за време на мечот

Револуционерна промена во тенисот: Играчите ќе можат да притиснат големо црвено копче за време на мечот

ATP и WTA, кои го организираат Купот на Обединетите, соопштија во петокот дека тактичките тајм-аути ќе бидат дозволени за време на мечевите во мешани двојки во следното издание на овој репрезентативен турнир што ја отвора сезоната. Новото правило ќе овозможи на играчот или капитенот, со притискање на големото црвено копче во тимската зона покрај теренот, да побара 60-секунден тајм-аут за дискусија за стратегијата.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Тајм-аут ќе може да се побара само за време на сервис, но не помеѓу првиот и вториот сервис, со максимално едно користење по тим за време на натпреварот во мешани двојки, но не и за време на поединечните мечеви.

“Тајм-аутот означува прекин на играта, тоа е можност за екипите да разговараат за тактиката и стратегијата и потенцијално да ја променат динамиката на мечот”, изјави Стивен Фароу, директор на Купот на Обединетите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кирјос за Синер: Не губи титули, не губи пари, тажно за тенисот

Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради користење допинг. Првиот рекет на светот ќе…