
Реал Мадрид соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар без 72 часа одмор меѓу натпреварите.
Тоа го потврди и тренерот на Реал Карло Анчелоти, по победата против Вилјареал со 2:1 на гостински терен во шпанското првенство.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Натпреварот меѓу Вилјареал и Реал започна во 18:30, а Реал во средата играше против Атлетико Мадрид реванш натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој натпревар започна во 21 часот и траеше 120 минути по што се изведоа пенали.
„Ова е последен пат да играме два натпревари во 72 часа,“ рече Анчелоти и додаде дека клубот побарал од управата на лигата да го премести натпреварот за недела.
Реал соопшти дека ќе се консултира со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за распоредот на натпреварите.