Дома Фудбал Реал Мадрид му прави проблем на Аморим: На „Олд Трафорд“ пристигнува понуда од 50 милиони евра?

Реал Мадрид му прави проблем на Аморим: На „Олд Трафорд“ пристигнува понуда од 50 милиони евра?

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид веќе планира активности за наредните два трансфер-периода (зимскиот и летниот) и ги има одредено приоритетните позиции.

Од изминатото лето ве се најавува дека позицијата лев бек најверојатно ќе ја заземе Алфонсо Дејвис по завршувањето на актуелната сезона кога би пристигнал како како слободен играч, додека Трент Александар-Арнолд и натаму е голема желба и постојат намери тој да пристигне уште оваа зима поради повредата на Дани Карвахал. 

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сепак, Трент не е единствената желба на Реал за позицијата десен бек. Имено, „кралевите“ се насочени и кон Диого Далот и Јунајтед наводно е информиран за интересот. Одговорот на англискиот гигант бил јасен – преговорите започнуваат ако стигне понуда поголема од 50.000.000 евра.

Далот минатата сезона беше најдобриот играч на Манчестер Јунајтед избран од соиграчите, а со доаѓањето на неговиот сонародник Рубен Аморим неговото значење за тимот дополнително порасна. Постои одредена можност Јунајтед да се согласи во договорот да бидат вклучени и други фудбалери, покрај паричната компензација. Но, Рубен Аморим сигурно ќе сака да го задржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вилијамс постави услов и ги запре преговорите со Арсенал

Младиот шпански репрезентативец Нико Вилијамс (22) беше сериозно разгледуван како засилува…