Дома Фудбал Реал и Барселона се борат за шпанскиот тинејџер. Трансфер веќе во зима?

Реал и Барселона се борат за шпанскиот тинејџер. Трансфер веќе во зима?

Шпанска Марка пишува за битката помеѓу Реал Мадрид и Барселона за потписот на еден од најталентираните Шпанци. Станува збор за Антонито, 18-годишниот крилен напаѓач од второлигашот Малага и репрезентативец на Шпанија до 19 години. Според Maрка, трансфер во некој од гигантите би можел да се случи веќе во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Антонито е под договор до следното лето и одби да потпише продолжување, што значи дека ризикува да го напушти клубот без обештетување на крајот од сезоната. Затоа е реално да се очекува трансфер веќе во зима бидејќи тоа е последна шанса за Малага да се обиде да заработи на младиот играч.

Антонито е роден во Андалузија, а првите фудбалски чекори ги направи во младинската академија на Бетис, од која се пресели во Малага. Минатата сезона ја собра првата сениорска минутажа во третата лига, а сега е стандарден играч и еден од главните играчи на тимот во Сегунда.

На 13 настапи постигна три и асистираше за три. Неговото целосно име е Антонио Кордеро, но тој е попознат како Антонито. Според Трансфермаркт, Антонито вреди два милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Договор на повидок: Тер Штеген е на чекор од потпис со новиот клуб!

Искусниот германски голман наскоро ќе замине на едногодишна позајмица во Амстердам, а во д…