Договорот на МОХАМЕД САЛАХ (32) со Ливерпул истекува за шест месеци. Легендарниот египетски крилен напаѓач во последните седум години настапува во англиската Премиер лига, на 369 натпревари постигна 224 гола и асистираше на 100 гола. Во тековната сезона се уште е во одлична форма со 13 гола и 11 асистенции на 20 настапи.
Истовремено, тој е разочаран што управата на клубот не му понудила услови за останување, за што неколку пати зборуваше во последните месеци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ би можел да ја искористи ситуацијата и да го доведе Салах, еден од најдобрите фудбалери во светот, во летото 2025 година без обештетување.
Л’екип, повикувајќи се на англиски извори, пишува дека парижаните почнале преговори со Салах.
Со оглед на тоа што ПСЖ има сопственици од Катар и со години ги прави најголемите трансфери во светот, не му е проблем да му даде голема плата на Салах.
Капологија, неофицијален извор на платите на фудбалерите, наведува дека Салах заработува 18.200.000 фунти годишно (речиси 22 милиони евра) во Ливерпул.
ПСЖ има неколку играчи со слични плати, а највисок е Усман Дембеле, кој заработува 20 милиони евра годишно, според истиот извор.