
Јанис Адетокумбо ја објави веста која најмногу ги загрижува навивачите на Милвоки – Гркот ќе ги напушти Бакси на крајот од сезоната.
Во интервју за грчките медиуми, Јанис јасно изјави дека “љубовта” меѓу него и клубот, каде што го мина целиот свој досегашен НБА престој, е завршена.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Да зависи од мене, веднаш би бил во друг тим. Наредното лето кога ќе бидам слободен играч, заминувам,” објасни Јанис.
Со оваа изјава јасно посочи дека сака трансфер идната сезона, а бидејќи договорот му истекува во летото 2027. година, за Бакс е неопходно да го продадат за да не го загубат без надоместок.
Во оваа сезона, Адетокумбо постигнува просечно по 28 поени и има 10 скокови и пет асистенции по натпревар со што потврдува дека игра во одлична форма.