Дома Останати Кошарка Скандал на „Ол-стар“: Американците јавно го претставија Косово како дел од Србија! (Видео)

Скандал на „Ол-стар“: Американците јавно го претставија Косово како дел од Србија! (Видео)

На „Ол-стар“ натпреварот од НБА лигата се случи и еден политички инцидент. Косово беше претставено како дел од Србија.

Во февруари 2008 година, Косово прогласи независност од Србија, а САД беа меѓу првите земји кои го признаа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, по она што вечерва се случи на „Ол-стар“ натпреварот во Лос Анџелес, се очекува сериозен скандал. Американците суштествено го разочараа Косово.

Кога НБА лигата ги претставуваше тренерот Дарко Рајаковиќ и Никола Јокиќ, Косово на картата беше прикажано како дел од Србија.

Оваа сцена, природно, ги воодушеви Србите. Тие се пресреќни поради ова.

„Јокиќ и Косово повторно заедно“, е еден од коментарите, по кој се појавуваат и други.

„Ова е единствената точна карта на Србија. НБА не го признава Косово. Почит.“

„Ова е значаен момент. Косово е Србија.“

„Некои други ветрови дуваат во Србија. Дури и НБА лигата ја поддржува Србија.“

„Картата на Србија. Честитки до НБА.“

Сепак, за луѓето од Косово ова претставува скандал. Сигурно ќе има реакции кон НБА лигата, а еден од навивачите беше прилично реален кон Србите кои го слават овој момент.

„Косово е Србија. Да, само мора да носиш важечка патна исправа со фотографија кога одиш таму.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ синоќа го доживеа најголемо понижување од кога игра во НБА лигата (Фото)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра синоќа уште една одлична партија, но понижувањето шт…