Дома Фудбал Лига на шампиони ПСЖ го доби дербито, Реал броеше до пет, Арсенал во осминафинале

ПСЖ го доби дербито, Реал броеше до пет, Арсенал во осминафинале

Исклучително возбудливи и ефикасни дуели беа видени вечерва во седмото коло од Лигата на шампиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во меч со неверојатно второ полувреме ПСЖ со 4-2 го победи Манчестер Сити.По пет минути игра во второто полувреме Грилиш постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0, а веднаш потоа Халанд погоди за предност на англискиот тим од 2-0.

Но, ПСЖ брзо се врати. Во 56. минута Дембеле намали на 1-2, а пет минути подоцна веќе беше 2-2 со гол на Баркола. Невеш погоди за комплетен пресврт, а Рамош ги постави конечните 4:2.

Најубедлив вечерва беше Реал Мадрид кој со 5-1 го победи Салцбург. Миланските клубови запишаа минумални победи со головите на Леао и Лаутаро.

Арсенал на домашен терен го совлада Динамо Загреб со 3:0 во натпревар во кој македонските интернационалци, Стефан Ристовски и Аријан Адеми одиграа 90 минути. Баерн беше поразен на гостувањето кај Феенорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…