
Според информациите што ги пренесува Мајк Вервај, поранешниот тренер на Барселона моментално преговара со Фудбалската федерација на Холандија за преземање на репрезентацијата.
Според извештаите, Чави во моментот е главниот кандидат за нов селектор на Холандија, а челните лица на нивната федерација сакаат што е можно побрзо да ја завршат целата работа.
Според најавите, целта е договорот да биде постигнат пред следната репрезентативна пауза.
За Чави, тоа би претставувало голем и нов предизвик во неговата тренерска кариера, откако претходниот период го помина на клупата на Барселона.
Шпанскиот стратег со каталонскиот гигант ја освои Ла Лига, а по напуштањето на клубот моментално е без ангажман.
Сега би можел да добие можност првпат во кариерата да води една репрезентација.
Особено е интересно што со евентуалното преземање на Холандија, Чави би добил можност да работи со генерација која има големи квалитети и амбиции на најголемите натпреварувања.
Сепак, засега нема официјален договор меѓу двете страни. Преговорите се во тек, а според информациите од Холандија, Чави во моментов е името што има најголема поддршка од челните лица на федерацијата.
Мајк Вервај наведува дека Холанѓаните сакаат што е можно побрзо да ја завршат приказната и да избегнат непотребно одолговлекување на преговорите.