Дома Фудбал Прв гол по новото офсајд правило остварен во Канада. Дали следи фудбалска револуција?

Прв гол по новото офсајд правило остварен во Канада. Дали следи фудбалска револуција?

Во Канадската Премиер лига, за прв пат беше постигнат гол по новото офсајд правило, познато како “правилото на Венгер”. Иако во било кое друго натпреварување низ светот би бил поништен, голот на Алехандро Диаз за тимот Пацифик против Халифакс беше признат во рамките на експерименталната примена на ова правило кое има потенцијал да го трансформира фудбалот.

Што претставува правилото на Венгер?

Познатиот француски стручњак Арсен Венгер, кој моментално ја извршува улогата на началник на одделот за глобален развој на фудбалот при ФИФА, предложи измена според која играчот не е во офсајд ако кој било дел од неговото тело со кое може да се постигне гол е во линија со претпоследниот играч од одбраната. Тоа практично значи дека меѓу напаѓачот и бранителот не смее да има чист простор. Се предвидува дека воведувањето на ова правило може да доведе до зголемување на бројот на постигнати голови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Правилото, иако сè уште не е официјално во светскиот фудбал, се применува пробно во Канадската Премиер лига од почетокот на оваа сезона. Досега постоеше неколку ситуации во кои новото правило беше во акција, но без постигнати голови, сè до натпреварот помеѓу Пацифик и Халифакс, кој заврши 2-2. Алехандро Диаз постигна гол кој според старите правила ќе беше поништен, но овај пат беше признат заради експерименталната примена.

Потенцијална промена и критики

Концептот кој Венгер го промовира во својата улога при ФИФА се тестира во Канада како потенцијална иднина за правилото за офсајд. Сепак, критичарите предупредуваат дека таквата измена би дала преголема предност на напаѓачите и би ја нарушила рамнотежата на играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике: Сакате лига полна со неизвесност? Ја добивте!

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, “господски” го прифати поразот од Ли…