
Од почетокот на новата сезона во Формула 1 на сила стапи и правилото за забрана на какви било пцовки. По негодувањата од сите страни, Светската автомобилска федерација најавува промена на ова правило.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Полесно би било да споменеме кој не се побуни против правилото на ФИА за казни за пцовки. Дури и оние „најневини“. ФИА сега најави промени на ова непопуларно правило.
На својот “Инстаграм” профил, првиот човек на ФИА, Мохамед Бен Сулајем најави дека планираат подобрување на Анекс Б токму во делот што се однесува на пцовки.
– По конструктивните повратни информации од возачите од седум светски шампионати, разгледуваме промени на Анекс Б. Како поранешен возач можам може да разберам подобро од другите со какви сè притисоци се соочуваат – напиша Мохамед Бен Сулајем.
Фото: Принтскрин