Шефот на стручниот штаб на Пари Сен Жермен, Луис Енрике соопшти дека Преснел Кимпембе се враќа во тимот по двегодишна пауза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Покрај Кимпембе, во составот на „Cветците“ се враќа и Лукас Ернандез, кој мораше да оди на операција откако ги скина предните вкрстени лигаменти, поради што го пропушти ЕВРО 2024 година.
„Радува фактот што се вратија во тимот, но се подразбира дека уште треба да „добијат“ ритам бидејќи долго време се надвор од теренот. Сепак, повредите се минато и наскоро ќе бидеме посилни со нив, двајцата се исклучително важни за тимот“, изјави 54-годишниот стратег.
ПСЖ моментално е лидер во најсилното француско првенство со 33 бода, а го следат Марсеј и Монако со по 26.