Дома Фудбал Италија Oфицијално: Антонио Конте е нов тренер на Интер!

Oфицијално: Антонио Конте е нов тренер на Интер!

Oна што веќе долго време се најавуваше утрово доби и официјална потврда – Антонио Конте е нов тренер на Интер!

Интер вчера соопшти дека го отпуша Лучијано Спалети, а денес е објавено дека не негово место доаѓа Конте.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ова преминување на Конте во Интер е посебно интересно поради тоа што Италијанецот е поранешен тренер на најголемиот ривал на „нероаѕурите“, Јувентус. Токму Конте беше човекот кој го врати во Јувентус на победничките патеки, со него „старата дама“ ја започна доминацијата која трае и денес.

Навивачите на Јувентус веќе покажаа дека негодуваат поради тоа што Конте ќе го превземе нивниот најголем ривал, а започната е и петиција за отстранување на неговата ѕвездичка од стадионот во Торино.

Конте без клуб беше од минатото лето кога заработи отказ во Челзи со кој се до пред две-три недели водеше судски спор кој заврши во корист на Италијанецот и „сините“ мораат да му исплатат 10.5 милиони евра.

Oсвен Јувентус и Челзи Конте ги предводеше на Арезо, Бари, Аталанта, Сиена и репрезентацијата на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Четворица кандидати за наследник на Чави во Барселона

Иако во еден момент се чинеше дека Барселона нема да мора да се занимава со потрагата по н…