Пензионираниот фудбалер Месут Озил отвори ново поглавје во својот живот влегувајќи во политиката.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот репрезентативец на Германија стана член на Извршниот одбор на Партијата за правда и развој (АКП), односно партијата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Според странските медиуми, Озил стана еден од 75-те членови на Централниот одбор за одлуки во партијата.
За време на својата кариера, Озил играше за големи клубови како Реал Мадрид, Арсенал, Шалке, Фенербахче…