Дома Фудбал Отворена дисциплинска постапка против Пелистер!

Отворена дисциплинска постапка против Пелистер!

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека е отворена постапка против Пелистер за вчерашниот натпревар против Шкупи.

Дициплинската постапка е отворена поради како што велат од ФФМ, навредливото скандирање на навивачите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија.

Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛ“, објавија од федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлични вести за Шкендија: Лудогорец ослабен пред реваншот

Бугарскиот шампион Лудогорец ќе настапи ослабен на реваншот од плејофот во Лига Европа про…