Дома Фудбал Oткриени раазговори од соблекувалната на Барселона: Познато што им кажал Лапорта на фудбалерите по поразот

Oткриени раазговори од соблекувалната на Барселона: Познато што им кажал Лапорта на фудбалерите по поразот

Вчера вечер Барселона испадна од Лигата на шампионите по поразот од Интер во феноменален меч, а сега е откриено што им порачал претседателот на каталонскиот клуб на играчите по натпреварот.

На Џузепе Меаца вчера имавме можност да сведочиме на вистински спектакл, исто како и во првиот натпревар на Монжуик.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во Шпанија натпреварот заврши 3:3, а во Италија продолженијата го одлучија патникот за финалето. Интер поведе со гол на Лаутаро Мартинез веќе во 21. минута.

Пред свирежот на судијата за задолжителна пауза, Кубарси го собори Лаутаро и беше досуден пенал. Чалханоглу беше сигурен од белата точка и ја дуплираше предноста на својата екипа.

Во второто полувреме следуваше ураганска игра на Барселона. Прво Ерик Гарсија ја намали предноста, а потоа Дани Олмо го изедначи резултатот.

Се играше 87. минута кога каталонскиот гигант направи целосен пресврт преку Рафиња и скоро сите помислија дека е готово.

Сепак, во третата минута од судиското надополнување за ново изедначување и “експлозија” на Џузепе Меаца погоди Ачерби на асистенција на Думфрис.

Во продолжението Фратези постигна гол за конечни 4:3 и го испрати Интер во финалето, а Нераѕурите вечер чекаат противник во мечот кој почнува од 21 часот (ПСЖ – Арсенал).

По натпреварот претседателот на Барселона Жоан Лапорта им се обрати на играчите, а новинарот Јави Мигел донесува детали од разговорот.

Иако е познат по својата темпераментна природа, Лапорта вчера беше многу смирен по поразот.

Им даде поддршка на играчите, рече дека е горд на нив, исто како и сите навивачи, и дека од овој двомеч можат излезат со кренати глави.

Лапорта може да биде задоволен од работата на Ханси Флик и неговиот стручен штаб како и од играчите оваа сезона.

Барселона веќе освои два трофеи – Суперкупот на Шпанија и Купот на кралот, а се и лидери во трката за шампион на Шпанија.

Тие се на првото место со четири бода предност во однос на Реал Мадрид, а во недела ги очекува големото Ел Класико кое ќе реши многу работи.

Фото: Barcelona FC/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Арсенал бесни на раководството – бараат итна продажба на една од ѕвездите

Арсенал синоќа пристигна во Париз со гол заостанување од првиот натпревар одигран во Лондо…