
Понеделник е важен датум во историјата на Ливерпул, денот кога долгодишниот десен бек на „црвените“ и дете на градот Трент Александар-Арнолд го потврди заминувањето од тимот во кој беше важен фактор.
Тоа го направи во порака во која 26-годишникот ги евоцираше спомените на клубот во кој помина повеќе од две децении и на фановите им поклони готов текст исполнет со емотивен карактер за вакви прилики.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Истог ден оживеа приказната за заминувањето на англискиот репрезентативец во Реал Мадрид како слободен играч, бидејќи не го продолжи договорот со Ливерпул.
Евентуалното сценарио во кое Ливерпул би можел да заработи нешто од неговото заминување во шпанската престолнина би било тоа во кое Реал би сакал да го донесе за Светското првенство за клубови следното лето, бидејќи тогаш би морал да го откупи договорот.
Италијанскиот „инсајдер“ Фабрицио Романо уверува дека Трент постигнал усмен договор со челниците на шпанскиот гигант на пет години, а американскиот Атлетик тврди дека високата 180 см бек ќе се обврзе на сезона повеќе.
Најинтересниот аспект од оваа приказна е за колку ќе игра Александар-Арнолд, односно колку е поголема платата во однос на приходите во Ливерпул.
Во швајцарското издание на Скај Спорт на француски јазик се појави информација дека Александар-Арнолд би можел да добива 15 милиони евра бруто по сезона без бонуси, со напомена дека во Мадрид му подготвуваат петгодишен договор.
Александар-Арнолд заработуваше 9,3 милиони фунти (малку повеќе од 10,9 милиони евра) годишно во последните три сезони.
Управата на Ливерпул ги задржа останатите двајца клучни играчи, иако значително постари – 33-годишниот капитен Вирџил ван Дајк и една година помладиот египетски ас Мохамед Салах.
Зад популарниот „Фараон“ е сезона на животот, а постигна 28 голови и подели 18 асистенции на 35 натпревари во Премиер лигата, а тој и холандскиот дефанзивец потпишаа договори на уште две години.
Ливерпул еден ден пред објавата на Трент загуби од Челси (3:1 во Лондон), а во преостанатите три кола ги пречекуваат Арсенал, гостуваат на Брајтон, па подготвуваат прослава на Енфилд по натпреварот со Кристал Палас.
Фото: Liverpool FC/X