Дома Фудбал Осум кандидати во трка за најдобар фудбалер во Премиер лигата

Осум кандидати во трка за најдобар фудбалер во Премиер лигата

Меѓу финалистите за признание за најдобар фудбалер на Премиер лигата за сезоната 2024/25 нема ниту еден играч од минатогодишниот шампион Манчестер Сити, додека најмногу претставници има овосезонскиот првак Ливерпул со три.

Играчите на Ливерпул кои се финалисти за оваа награда се Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Рајан Гравенберх.

Седмопласираниот Нотингем Форест има два играча меѓу финалистите – Морган Гибс-Вајт и Крис Вуд, додека преостанатите кандидати се напаѓачот на Њукасл, Александер Исак, играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс и фудбалерот на Брентфорд, Брајан Мбеумо.

Мо Салах е голем фаворит и би било неверојатно ако не ја добие оваа награда.

Финалистите за најдобар тренер на Премиер лигата за оваа сезона се Арне Слот (Ливерпул), Нуно Еспирито Санто (Нотингем Форест), Еди Хау (Њукасл), Томас Франк (Брентфорд) и Витор Перејра (Вулверхемптон).

Гласовите на навивачите ќе се комбинираат со гласовите на фудбалските тренери за да се изберат победниците.

Играчите на Манчестер Сити ланската сезона беа добитници на двете признанија, Фил Фоден беше најдобар играч, а Пеп Гвардиола најдобар тренер.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Фотографија: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трајковски: Мислам дека Гатузо е одличен избор за Италија

Додека сè уште трае неизвесноста околу неговата клупска иднина, македонскиот репрезентатив…