Неочекувана елиминација на третиот тенисер во светот. Германскиот тенисер Александар Зверев испадна уште во 1/16 финалето на Индијан Велс. Зверев доживеа пораз и тоа убедлив од 55-тиот тенисер во светот, неговиот сонародник Жан-Леонард Штруф. После еден час и 12 минути игра Штруф славеше со 2:0 во сетови и се пласираше во 1/8 финалето каде што ќе игра против Милош Раониќ. …
