Дома Останати Тенис Сензација во Дубаи: Нишикори елиминиран од тенисер кој е 77-ми на АТП листата

Сензација во Дубаи: Нишикори елиминиран од тенисер кој е 77-ми на АТП листата

Jaпонецот Кеи Нишикори беше поразен на турнирот во Дубаи од полскиот тенисер Хуберт Хуркаж (5:7, 7:5, 2:6).

Шестиот тенисер во светот е поразен од 77-тиот играч на светската листа што за многумина е вистинска сензација.

Во првиот сет беше видена голема борба каде што секој тенисер го држеше својот сервис се до 4:4 кога Нишикори направи брејк и сервираше за сет. Меѓутоа Хуркаж веднаш го врати брејкот, а потоа освои гем на свој сервис и поведе со 6:5. Лесно стигна и вториот брејк и го доби со 7:5.

Во вториот видовме многу пресврти, поведе Нишикори со 4:0 и нешто подоцна за 5:1, за Хуркаж да се врати на 5:5, но на крајот Јапонецот го доби сетот за 7:5.
Хуркаж прикажа одлична игра во третиот доби два брејка, одлично сервираше и го доби третиот сет со 6:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Oбјавена фотографија на Ѓоковиќ од 2003 година, дали би го препознале?

Во текот на последните две децении, Новак Ѓоковиќ безброј пати ги израдува љубителите на т…