Дома Останати Федерер се враќа на земјена подлога – ќе игра во Мадрид

Федерер се враќа на земјена подлога – ќе игра во Мадрид

Најтрофејниот тенисер во историјата, Роџер Федерер после цели две години ќе се врати на турнирите со земјена подлога откако го потврди учеството на турнирот во Мадрид.

Швајцарецот, кој ја освои титулата од Ролан Гарос во 2009, последните две години целосно ја прескокнуваше сезоната на земја за да ги сочува силите за Вимблдон и американската турнеја, но оваа година најави враќање на овие терени.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


37-годишниот Швајцарец е вториот најуспешен тенисер на „Каха магика“ во Мадрид зад Рафа Надал, освојувајќи ги титулите во 2006, 2009 и 2012 година.

Федерер е еден од најдобрите играчи во историјата. Среќни сме што се враќа во Мадрид и тоа е подарок за турнирот. Нашата публика ќе има можност да ужива во настапот на овој уникатен тенисер“, изјави директорот на турнирот, Фелицијано Лопез.

Федерер има 11 титули од турнирите на земја, меѓу кои и шест трофеи на турнирите од Мастерс 1000 серијата како и пехар од Ролан Гарос во 2009 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ го „запали“ Инстаграм – подготвува лудо шоу со Кристијано Роналдо?! (Фото)

Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и привлече огромно внимание објавув…