Дома Трансфер зона Оскар заработи 200 милиони во Кина и сега се враќа во Бразил

Оскар заработи 200 милиони во Кина и сега се враќа во Бразил

Бразилскиот фудбалер Оскар после цели осум години поминати во Кина сака да се врати во својата татковина и таму да ја продолжи кариерата.

Оскар пристигна во Европа како „новиот Кака“, блескаше во дресот на Челзи, а потоа направи изненадувачки трансфер во Кина во 2016 година за 60 милиони евра.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Оскар тогаш потпиша договор со кој заработуваше 400.000 фунти неделно и стана најплатен фудбалер во светот.

Иако Кинезите набрзо запреа со инвестиции во фудбалот, Оскар остана во Шангај цели осум години и сега сака да се врати во Бразил.

За тоа време Оскар заработи скоро 200 милиони евра, или попрецизно 192 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Динамо Загреб

Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал Мадрид и ПСЖ се силно заинтересирани за „бисерот“…