Дома Фудбал Официјално: Исник Алими кариерата ја продолжува во Кина

Официјално: Исник Алими кариерата ја продолжува во Кина

Репрезентативецот на Македонија, Исник Алими и официјално повеќе не е фудбалер на Сепси од Романија и кариерата ќе ја продолжи во Кина во редовите на Далијан Јунгбо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алими играше одлично во дресот на Сепси, а Кинезите тоа го забележаа и испратиле одлична финансиска понуда која ниту Сепси, ниту Алими не можеа да ја одбијат.

„Официјално може да објавиме дека Исник Алими продолжува во Далијан Јингбо од Кина.

Сакаме да му се заблагодариме на Исник за учинокот во дресот на Сепси и му посакуваме успех во понатамошниот дел од кариерата“, стои во објавата на Сепси.

Во кариерата Алими го носеше дресот уште на: Габала, Шибеник, Римини, Виченца, Форли, Лумецане, Киево, Новиград и Аталанта за која сепак немаше настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах пресреќен: Испишавме историја на СП

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах изјави дека неговиот тим напишал историја со првата поб…