Дома Фудбал Останато Oфицијално: Бјелица повеќе не е тренер на Адеми

Oфицијално: Бјелица повеќе не е тренер на Адеми

Ненад Бјелица повеќе не е тренер на Динамо Загреб за кој настапува македонскиот репрезентативец Арјан Адеми.

Бјелица имаше договор уште 15 месеци и требаше во тој период да заработи нешто помалку од два милиони евра, а денес после состанокот кој траел три ипол часа си замина од клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конфликтот со Здравко Мамиќ, шефот на Динамо кој од судството на Хрватска се крие во Меѓугорје и Бјелица започна после испаѓањето на хрватскиот тим од групната фаза во Лигата на шампионите, а кулминираше откако Бјелица и играчите одбија намалување на платите.

Во Динамо Бјелица пристигна во 2018 година откако што ја водеше Австрија Виена, Спезија и Лех. Освои две титули шампион и куп. Го водеше клубот на 99 со процент на победи од 71.

„Заминувам. Се договоривме за раскинување на договорот. Не се каравме, причината беше што одлуката за намалување на платите се донесе без разговор со мене. Мојот однос со клубот беше одличен, 22 месеци заедно носевме одлуки, а сега одеднаш се исчезна“, изјави Бјелица после денешниот состанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…