Дома Фудбал Трамп даде „зелено светло“: Иран може на Светското првенство во САД

Трамп даде „зелено светло“: Иран може на Светското првенство во САД

Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, изјави дека Доналд Трамп, претседателот на САД, потврдил дека репрезентацијата на Иран е добредојдена да учествува на Светското првенство 2026, и покрај сегашните тензии.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Инфантино рече дека во среда се сретнал со Трамп и дека за време на разговорот станало збор за учеството на Иран на турнирот кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, пренесе бриселскиот “Политико”.

Според неговите зборови, Трамп нагласил дека иранскиот тим “се разбира, е добредојден” да се натпреварува.

Иран веќе се квалификуваше за Светското првенство 2026 и се очекува да одигра три натпревари во групната фаза меѓу Лос Анџелес и Сиетл, но неговото учество во последните недели беше доведено во прашање поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бенфика откри колку Реал треба да плати за Мурињо

Бенфика официјално го потврди заминувањето на Жозе Мурињо од тренерската позиција на порту…