
Кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид по завршувањето на сезоната – најактуелното прашање во европскиот клупски фудбал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што пишува „Onefootball“, управата на Реал Мадрид најмногу е заинтересирана за тренерот на светскиот првак – Лионел Скалони.
Селекторот на репрезентацијата на Аргентина има договор со тамошната Федерација кој истекува по Светското првенство во 2026 година.
Иако Скалони веќе изразил желба да ја продолжи соработката со Аргентинската фудбалска федерација (AFA) до 2030, понудата од Реал може да ги промени неговите планови.